Карцином на јајчник (овариум)

Карциномот на јајчници најчесто се јавува кај жените во постменопауза. Доколку се открие во рана фаза, поголема е можноста за целосно излекување, додека во поодмината фаза можноста за излекување се намалува.

Како настанува?

Во 90 проценти од случаите карциномот на јајчниците настанува од епителните клетки.

Кои се ризик фактори?

Тешко е да се одредат ризик факторите кои доведуваат до карцином на јајчникот. Во 5-10 отсто од случаите причина е наследниот фактор. Ризикот се зголемува доколку двајца или повеќе членови во семејството имаат карцином на јајчник или матка. Зголемен ризик фактор од карцином на јајчници имаат и постари жени кои никогаш не родиле, како и жени кои не можеле да останат бремени поради ендометриоза.

Кои се симптомите?

Карциномот на јајчници не дава знаци во раната фаза, па од оваа причина кај две третини од заболените тој се дијагностицира во напреден стадиум. Бидејќи овој карцином нема симптоми, подолг период расте во абдоминалната празнина и не ѝ пречи на пациентката. Меѓутоа, надуеноста во стомакот, карличната и стомачна болка, брзо чувство на заситеност, проблеми со мокрењето се дел од симптомите за оваа болест. Исто така, кај некои пациентки се јавуваат и дигестивни проблеми. Во последниве години се смета дека еден од симптомите на болеста е и драстично слабеење.

Како се дијагностицира?

Карциномот на јајчниците се дијагностицира при гинеколошки преглед. Со помош на ултразвучен преглед, гинекологот може да го дијагностицира туморот во јајчникот, и по одредени карактеристики да одреди дали се работи за малигнен или бенигнен тумор. По гинеколошкиот преглед, доколку постои сомневање за карцином на јајчници, преку крвта се прават и тумор маркери. Доколку се покачени нивните вредности, тоа укажува на постоење на карцином на јајчници. Како дополнителни дијагностички процедури се и компјутерска томографија и магнетна резонанца. Крајната дијагноза се поставува по операција, каде хистопатолошки се испитува оперативниот материјал и се утврдува типот, степенот и проширеноста на канцерот, и се одредува понатамошната терапија.

Како се лекува?

Третманот за рак на јајчници е хируршка интервенција. Со други зборови кажано, пациентите прво се лекуваат со операција, интервенција која има посебни хируршки карактеристики. Кај пациентки кои се дијагностицирани во ран стадиум од болеста не е потребна друга терапија освен хируршка интервенција. Кај другите, лекувањето продолжува со хемотерапија или радиотерапија.

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language