Карцином на дојка

Појавата на карцином на дојка е сè почеста. Денес податоците велат дека карциномот на дојка се јавува кај една од осум жени, додека пред педесет години овој тип карцином беше регистриран кај една од дваесет жени. 

Што претставува карциномот на дојка?

Карциномот на дојка се појавува како резултат на модификација и неконтролирано размножување на група клетки кои го сочинуваат ткивото на дојката. Канцерозното ткиво најпрвин се шири кон блискиот околен регион, како што е лимфната жлезда во близина на градите. Карциномот што не е дијагностициран и не е лекуван, брзо се проширува на другите органи и подоцна навлегува во фаза во која не се лекува. Вистинската причина за појава на овој карцином сe уште не е прецизно утврдена. Кај две третини од жените кај кои е дијагностициран карцином на дојка немаат ниту еден ризик фактор.

Најчесто користени методи за дијагностицирање

Мамографија: Мамографијата е метод на снимање кој се изведува со користење рендгенски зраци во прегледот на дојките. Малите грутки во дојките и промените кои не може да се распознаат во текот на клиничкиот преглед може да се откријат со мамографијата. Мамографијата е главниот метод за дијагноза на карцином на дојка. Светската здравствена организација (СЗО) препорачува секоја жена над 40 години да направи мамографски преглед еднаш годишно. Нивото на зрачење кое се користи при мамографијата е ниско и не е штетно по здравјето. Се користи за дијагностички цели и кај жени кои немаат никакви симптоми. Современиот дигитален мамограф овозможува многу поголема видливост и повисок степен на дијагностицирање. Мамографијата не се препорачува за жени под 35 години поради структурата на ткивото на дојката во кое доминантен е жлездениот паренхим и со тоа се јавува ниска сензитивност на мамографијата и високата сензитивност на ткивото на дојката на зрачење.

Ултразвук: Покрај мамографијата, во дијагностички цели се користи и ултразвукот, преку користење ултра звучни бранови за снимање. Генерално, со неговата употреба се добиваат информации за внатрешната структура на дојката. За разлика од мамографијата, ултразвукот се употребува најчесто како дијагностичка метода кај помлади пациенти.

Магнетна резонанца (МР): Можноста за комбинирање на структурни со функционални докази ја прави магнетната резонанца една од најсензитивните дијагностички методи во откривањето карцином на дојка. Неговата навремена и прецизна употреба дава точни и прецизни информации. Благодарение на ваквите перформанси, примената на МР сe повеќе се зголемува.

Биопсија: Претставува метод на земање примероци од туморот за патолошко испитување. Тоа е процес на земање примерок од сомнителна маса со тенка или со дебела игла или по пат на хируршка техника. Во хируршката биопсија главно се отстранува целата маса која потоа подлежи на патолошко испитување. Биопсијата на сомнителна лезија, која не може да биде почувствувана со палпација и која е сместена во подлабоките делови на ткивото на дојките, се изведува под водство на радиолози со употреба на мамографија, ултразвук или МР. Пред хируршката интервенција, радиологот ја обележува (маркира) сомнителната лезија со жица. Хирургот ја следи оваа жица и ја завршува операцијата без какво било непотребно оштетување на дојката. Главната цел на обележувањето е да се обезбеди сигурност во изведувањето на биопсијата со цел да се осигура целосното отстранување на лезијата и да се постигне најдобриот козметички резултат. Во последните години во современите медицински центри развиени се радиоизотопи како алтернативен метод на обележувањето со жица. Методот со радиоизотопи е поосетлив и поуспешен од методот на обележување со жица. Позната е како техника за радионуклидна локализација на скриени лезии (radionuclide occult lesion localization) - ROLL.

Како се изведува операцијата?

Успешниот третман на канцерот на дојка е директно поврзан со неговото рано откривање. Кога е дијагностициран во ран стадиум, петгодишната стапка на преживување може да се зголеми до 96%. Операцијата е најважниот дел од лекувањето на карциномот на дојката. Целта на хирургијата е да се отстрани туморот како целина од телото. Методите на лекување кои не се хируршки имаат цел да го спречат повторното појавување на тумори или нивното ширење на другите органи. Трите основи типови на хирургија се:

Мастектомија: Со оваа постапка оперативно се отстранува целата дојка заедно со туморот. Во истата сесија или во подоцнежна фаза (по 1-2 години) може да се имплантираат силиконски протези или нови дојки од сопственото ткиво на пациентот.

Мастектомија со зачувување на кожата: Со оваа постапка ткивото на градите се отстранува со умерен рез со што се заштитува дел од кожата на дојката. Во споредба со традиционалната мастектомија, поголемата количина на зачувана кожа ќе послужи за да се олесни процедурата за реконструкција на градата. На местото на ткивото на дојката може да се постават силиконски протези. Се изведува со цел да се намали ризикот од компликации (профилактичка мастектомија).

Операција која ја заштитува дојката: Кај овој метод на хирургија се отстрануваат само туморот и околното здраво ткиво. Главната цел е да се зачува дојката и козметичкиот ефект, како и да се сведе на минимум психолошкото и физиолошкото нарушување на пациентот. По операцијата, пациентот прима радиотерапија 5-7 недели.

Пациенти кои не треба да подлежат на оваа интервенција:
• Оние што примиле радиотерапија на градите и на торакалниот ѕид.
• Бремени.
• Пациенти со мултифокални тумори на дојката.
• Оние со широко распространети, сомнителни или малигни микрокалцификации.

Случаи за кои се донесува одлука во согласност со состојбата на пациентот:
• Пациенти што боледуваат од колагеноза со зафаќање на крвните садови
• Пациенти со широко распостранети тумори.
• Пациенти чија големина на гради не е соодветна за ваков тип интервенција.
• Присуство на бифокален тумор каде што има потреба од два реза.

Заштита на лимфните јазли: Првото место на кое се шири карциномот на дојка се лимфните јазли под пазувите. При хируршки третман на карциномот на дојка тие се отстрануваат дури и кога туморот не се проширил на лимфните јазли. Сепак, откриени се несакани ефекти по третманот вклучувајќи отекување на рацете, функционални и емотивни ефекти. Поради ова, развиена е нова техника: биопсија на сентинелен лимфен јазол (Sentinel Lymph Nodule Biopsy SLNB). Со оваа техника во текот на операцијата со специјален контраст се одредува првиот лимфен јазол (сентинелен лимфен јазол), кој е зафатен од туморот, и истиот се отстранува. Во текот на операцијата преку пато-хистолошко испитување се одредува дали клетките на карциномот достигнале до овој лимфен јазол (замрзнат пресек). Доколку туморот не се проширил на овој јазол, другите лимфни јазли се оставаат. Целта на оваа операција е да се спречи каква било непотребна операција и со тоа да се избегнат компликации поврзани со раката. Најновата техника која се користи во биопсија на сентинелен лимфен јазол е радиоизотоп со кој се постигнуваат поуспешни резултати отколку со техниката на боење. Во болниците на Здравствената групација „Аџибадем“ SLNB се изведува со користење комбинација од двете техники.

 

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language