Маре, 41 година, Р. Македонија

За голем дел од пациeнтите споделувањето на искуството од соочувањето со борбата со канцерот претставува тешкотија, повторно поминување на веќе преживеаното. Сакам моето искуство и тешка животна сторија да ви даде сила и храброст вам и на вашите блиски да продолжите во борбата со канцерот затоа што јас успешно го пребродив овој тежок период од живот.Мачното патешествие ми започна во далечната 2006 година и цели 6 години барав спас за моето здравје. Мојата дијагноза беше пареза на левиот лицев нерв фациалес. Секојдневието ми беше исполнето со одење од клиника до клиника, консултации од лекар до лекар, грст лекарства од погрешна терапија. Здравјето ми опаѓаше, бев разочарана, и како поминуваше времето оштетувањето на лицето стануваше сѐ поголемо и поголемо. 

И кога помислив дека сѐ околу мене е мрачно и темно, во Клиничката болница „ Аџибадем Систина“ најдов светло на крајот од тунелот. Мојата последната надеж беше прегледот кај проф.д-р Јекиќ. Заедно со д-р Милчо Демерџиев установија дека сите тие години сум погрешно лекувана. Се направија потребните испитувања и магнет и се потврди дека мојата пареза е предизвикана од тумор на нерв 8 и 7 што доведе до целосно оштетување на слухот на левата страна, отворено лево око, искривена уста. Истиот ден се сретнавме и со проф.д-р Јовица Угриновски, кој со зборови ја ублажуваше нашата голема болка, гарантираше дека ако операцијата се направи што поскоро ќе бидам жива, здрава и ќе можам да се вратам на секојдневните активности, а оштетувањата што веќе се направени можеби ќе се поправат, но тоа веќе беше споредно. 

Кога ја дознавме вистинската дијагноза, немавме време да размислуваме за судбина или невнимание, сфативме дека операцијата е единствено решение за да продолжам да живеам. Се прашував како е можно туморот да расте 6 години и да не се забележи на ниту едно испитување. Низ овој мрачен период од животот поминував заедно со сопругот и моите три ќерки. Сите бевме многу потресени, но се тешевме со помисла дека мојот живот се најде во успешните раце на проф. д-р Јовица Угриновски.
Дијагнозата се утврди на 14.02.2012 година, а на 23.02.2012 се изврши операцијата, која, за среќа, помина во најдобар ред и сите бевме задоволни.
Помина една година од оваа тешка операција, сега редовно одам на контрола кај проф.д-р Угриновски, кој со својата харизма и стручни совети ме поттикнува полесно да чекорам кон секој нареден ден, ме потсетува дека сум богата со моето семејство, дека дури и во мојот двор имам аптека со витамини, овошјето и зеленчукот кој го одгледуваме. Дека и цвеќињата кои го украсуваат нашиот дом заслужуваат насмевка, а ручекот на кој се собираме сите најмили е многу побогат затоа што сме сите заедно...
На 3.01.2013 година проф. д-р Угриновски направи уште едно „чудо“ за мене, изврши мала хируршка интервенција и со вметнување плочка во очниот капак моето лево око, кое 6 години не се беше затворило, сега нормално функционира.
Не знам дали може да пронајдам зборови со кои ќе можам да ја искажам мојата благодарност кон проф. д-р Јовица Угриновски, целиот тим, целокупниот персонал кој 24 часа се грижеше за мене и моето здравје, затоа и се решив да го напишам оваа писмо кое можеби ќе го прочитаат многу луѓе, а некои ќе извлечат и поука од моето искуство.
Воедно сакам да ѝ се заблагодарам на личноста, за мене посебна, д-р Лилјана Сусинова, која се издвои од истомислениците и уште првиот момент кога ме сретна ме упати на вистинската врата. Таа ми го покажа патот кон Клиничката болница „Аџибадем Систина“ каде што се пронајде лекот и благодарение на вас, персоналот, и д-р Лилјана сум сѐ уште жива.
Колку и да пишувам нема да можам да ја искажам мојата благодарност, но, сепак, ВИ БЛАГОДАРАМ! Запомнете го тоа што и јас го научив - никогаш не сте сами во борбата со канцерот!

НОВОСТИ И НАСТАНИ

Д-р Душко Михајлоски: Магнетната резонанца 3 Tesla ќе донесе нова ера во дијагностиката

Инвестирањето во најсовремениот апарат за магнетна резонанца 3 Tesla е уште една потврда за определбата на „Аџибадем Систина“ да биде лидер во… Read More

MRI 3 Tesla - Нова ера во дијагностиката

MRI 3 Tesla претставува најсовремен апарат за магнетна резонанца, кој за првпат во…

Радиохирургија на револуционерниот TRILOGY единствено во „Аџибадем Систина“

Радиохирургијата е тип на зрачна терапија со која се третираат тумори, најчесто во…

СВЕДОШТВА

Човечноста е заштитен знак за „Аџибадем Систина“

Извор: Hello Magazin Сите ја обожаваат, ѝ се восхитуваат и ја сакаат. Но, кога лично ќе ја запознаете веднаш сфаќате и зошто. Едноставно ве маѓепсува… Read More

Language