Онкологијата има мултидисциплинарна структура и вклучува многу научни гранки. Затоа, лекувањето и следењето на канцерот без сомнение мора да се спроведува преку мултидисциплинарниот пристап, односно со соработка на повеќе медицински oбласти.
Мултидисциплинарен пристап во болниците на „Аџибадем“
Дијагнозата, лекувањето и грижата за заболените од канцер е сложен процес, а најдобра нега за овие пациенти можат да понудат стручни медицински лица кои меѓусебно ќе го споделат своето знаење и искуство. Најефикасните решенија при лекувањето канцер се добиени со имплементирање на мултидисциплинарен пристап, бидејќи онкологијата е област која бара соработка и заедничко одлучување на специјалисти од повеќе медицински гранки. Консултацијата на лекарите е од исклучително значење во дијагностицирањето и во лекувањето канцер.
Во мултидисциплинарните тимови се собираат специјалисти од различни медицински области, кои носат заедничка одлука и ја делат одговорноста. На тој начин грижата околу еден пациент не ја води само еден доктор, туку тим од специјалисти. Како резултат на тоа, центрите што работат според мултидисциплинарен принцип имаат поуспешни резултати во лекувањето и во следењето на пациентите кои имаат канцер.
Мултидисциплинарните тела т.н. „tumor councils“, донесуваат заеднички решенија и ја делат одговорноста за третманот на пациентите со канцер. Како резултат на тоа центрите кои го применуваат овој принцип на работа обезбедуваат успешни резултати од лекувањето и следењето на пациентите со канцер. Ваквиот приод во лекувањето на болните со канцер е приоритет во болницата „Аџибадем Систина“, како дел од Здравствената групација „Аџибадем“.